Бруталното сослушување на терористот е снимено на камера и поставено на мрежите.
Еден од осомничените по апсењето признал дека учествувал во терористичкиот напад на концертната сала Крокус во Москва.
— Pluton (@Pluton45873221) March 23, 2024
Снимката од сослушувањето ја објави главниот уредник на медиумската групација на RT, Маргарита Симонјан на нејзиниот канал Телеграм.
— Pluton (@Pluton45873221) March 23, 2024
Осомничениот, кој цело време трепери, наведува дека од Турција допатувал на 4 март и дека имал наредба да ги убие сите присутни во концертната сала и дека за тоа му била ветена награда од половина милион рубљи или околу 50.000 евра. .
Овој граѓанин на Таџикистан, кој беше уапсен по полициската потера во областа Брјанск, тврди дека со него контактирале пред еден месец преку Телеграм и дека му било дадено оружје.
Тој наведува дека стапил во контакт со налогодавците преку неговиот проповедник.