(ВИДЕО) Се отвори дупка во базен, загина едно лице

Од:

Маж се удави откако го проголта дупка што се отвори под базен.Клил Кими (32) починал откако го вшмукал вител на дното од базенот во вилата што неговата маркетинг компанија ја изнајмила за забава во градот Кармеи Јосеф во централниот дел на Израел, пренесува британски Телеграф.

Еден од присутните на забавата рекол дека дупката се појавила наеднаш, додека околу базенот имало околу 50 луѓе.

„Нивото на водата наеднаш почна да опаѓа и се отвори огромна дупка, што предизвика вртлог кој вовлече две лица“, изјави еден од очевидците.

Брачен пар на околу 60-тина години, на чиј имот се одржала забавата, е уапсен под сомнение дека од небрежност предизвикале смрт.

На видеото снимено во моментот на несреќата се гледа како водата од базенот, како и бројните играчки на надувување, одеднаш исчезнуваат низ дупка што се отворила на дното на базенот.

Човекот кој накратко бил заглавен во дупката избегал со полесни повреди, но телото на Кими било пронајдено само неколку часа подоцна на дното на тунелот долг 15 метри што се отворил под базенот.

Дупката најверојатно се отворила поради лошата градба, а не поради геолошките карактеристики, изјави професорот Шмуел Марко од одделот за геофизика на Универзитетот во Тел Авив, пренесуваат светските агенции.

Би можело да ве интересира

Струга доби затворен пливачки базен после две децении

Орце Костов

Труење со хлор во базен во хотел во Охрид: Седуммина од кои две деца се во болница

ВИДЕО: Нападнатата жена на базенот во Штип пријавила во полиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тепачка на базен во Штип, боксови, клоци, кубење за коси, мажи и жени

Предраг Петровиќ

Снема струја, па осум деца кои се бањаа во базен се затруени со хлор

22-годишно момче од Шпанија се удави во базенот во Битола

А1он