(ВИДЕО) Сандерс: Нетанјаху е одвратен лажго, деца умираат од глад

Од:

Сенатот на Соединетите Американски Држави, по иницијатива на демократот Берни Сандерс, повторно гласаше за забрана на продажбата на американско оружје на Израел. Иако гласањето покажа дека Америка сè уште не е подготвена за таков чекор, а иницијативата беше отфрлена, седницата покажа и дека бројот на оние кои се противат на потезите на Израел во Газа расте.

За разлика од претходните гласања, овој пат 12 нови сенатори од Демократската партија гласаа против продажбата на оружје, кои претходно ја поддржуваа продажбата.

„Членовите на Демократската група на Сенатот, со 27 гласа за и 17 против, гласаа за прекин на испраќањето оружје до владата на Нетанјаху, која води ужасна, неморална и нелегална војна против палестинскиот народ. Ситуацијата се менува. Американскиот народ не сака да троши милијарди за гладни деца во Газа. Демократите напредуваат по ова прашање и со нетрпение ја очекувам поддршката од републиканците во блиска иднина“, рече Сандерс.

Сенаторот Сандерс имаше и порака за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Нетанјаху е одвратен лажго. Деца умираат од глад. САД не можат да продолжат да ѝ обезбедуваат на расистичката влада стотици милиони долари воена помош што се користи за убивање невини луѓе, рече Сандерс.

Би можело да ве интересира

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД

(ВИДЕО) Бен-Гвир: „Секоја вечер во Газа треба да се убиваат од 30 до 40 луѓе“

Американската војска предизвика бура: На карта, Газа и Западниот брег му ги додаде на Израел

Катерина Ѓуровски