ВИДЕО: „Russia Today“ тврди дека во близина на Мариупол бил фатен Хрват, а објавена е и снимка

Од:

Руската телевизија РТ објави видео од маж за кој вели дека е хрватски државјанин кој се борел во редовите на украинската армија. Тој наводно бил војник на украинската бригада која се криела во градот Мариупол.

Човекот на видеото тврди дека бил фатен додека се обидувал да побегне од опколениот град заедно со уште неколку борци.

„Го напуштивме Мариупол и пешачевме 260 километри, криејќи се, пешачевме само ноќе, избегнувајќи секаков можен контакт“, рече тој.

Планот пропадна кога групата налета на руската артилериска единица и ѝ се предаде.

Тој вели дека во редовите на украинската армија се приклучил во 2020 година за да добие државјанство. Тогаш се чинеше како добра идеја, бидејќи линијата на фронтот во Донбас беше „стационарна“, рече тој, додавајќи дека во тој момент не бил испукан ниту еден куршум.

„Мојата причина зошто сакам да добијам украинско државјанство е тоа што овде запознав жена во која се заљубив. Таа имаше болна мајка и не сакаше да ја напушти Украина“, рече тој.

Човекот, наводно, претходно поминал пет години во хрватската војска. Тој инсистираше на тоа дека нема вистинско борбено искуство.

„Пет години бев пешак во хрватските вооружени сили, тоа е се“, рече тој. „Досега не сум бил вклучен во никакви конфликти“.

Тој, исто така, рече дека има мало искуство од прва рака со екстремно десничарските украински единици, како што е Азовскиот полк. Иако единицата учествувала во битката кај Мариупол со неговата бригада, тие имале лоша комуникација и сосема одвоена команда, рече тој.

„Тие учествуваат во одбраната, но ние имаме посебна командна линија, целосно одвоена. Тие не се дел од украинските вооружени сили“, рече тој.

„Слушнав и дека се фашисти и нацисти. Слушнав и за страшните работи што им ги правеа на граѓаните. Слушнав дека има многу криминалци, зависници. Не бев сведок на ништо, но видов снимки од страшни работи што ги прават. Огромни ужаси“, рече тој.

Тој инсистираше на тоа дека никогаш повеќе нема да земе оружје и дека веројатно ќе се приклучи на добротворна организација или на Меѓународниот комитет на Црвениот крст доколку биде ослободен. Стекнувањето украинско државјанство со служење војска беше погрешна одлука, рече тој.

„Верувам дека требаше да барам други начини за да добијам украинско државјанство отколку да служам во вооружените сили. Сакам да преживеам, сакам да живеам. Никогаш повеќе не сакам да земам оружје во мојот живот. Би сакал повторно да се придружам на жената што ја запознав овде во Украина и, можеби, да зборувам повеќе за вистината, што се случи овде, како луѓето што ме заробија се однесуваа кон мене“, рече тој.

Додаде дека добро се лекува и дека во заробеништво му била укажана сета потребна медицинска помош.

Сепак, неговата судбина останува неизвесна со оглед на неговото странско државјанство, пишува RT. Во Доњецката Народна Република (ДПР) странците се сметаат за платеници. Доколку бидат прогласени за виновни, платениците се соочуваат со тешка казна, можеби дури и смртна казна.

„Тие ме сметаат за затвореник, но сепак велат дека сум платеник, дека официјално не сум член на украинските вооружени сили“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков