Првите единици руски војници, кои се дел од регионалните трупи, пристигнаа во Белорусија, соопшти белоруското Министерство за одбрана, пренесува РИА Новости.
„Во Белорусија пристигнаа првите ешалони со руски војници кои се дел од регионалната единица. Војниците беа срдечно пречекани со леб и сол“, се наведува во соопштението.
Belarussian ?? TV shows the arrival of Russian ?? troops.
The Ministry of Defense of Belarus had previously stated that about 70,000 ?? soldiers were expected. pic.twitter.com/LTa0HTIzNU
— Jason Jay Smart (@officejjsmart) October 15, 2022
Министерството за одбрана претходно објави дека рускиот дел од Регионалната група на сили ќе започне да пристигнува во Белорусија во следните неколку дена.
Белоруското министерство информираше дека регионалната групација на силите на Алијансата на Русија и Белорусија ќе извршува одбранбени задачи.
Белорусија претходно објави дека прогласила состојба на зголемена терористичка готовност поради тензиите на нејзините граници.