Новинарката Џулија Дејвис, исто така основач на проектот Руски медиумски монитор, која ги следи руските медиуми и се бори против руската пропаганда, објави на Твитер снимка од емисија во која руските политичари почнаа меѓусебно да се расправаат за ситуацијата во Украина и да ја префрлаат вината за лошите одлуки.
Поранешниот пратеник во Думата, Борис Надеждин, рече дека советниците го убедиле претседателот Путин дека специјалната операција ќе трае кратко и ќе биде ефективна, дека нема да нападне никого и дека руската армија само мирно ќе влезе во Украина.
Life comes at you fast: pundits on Russian TV realize that their military is failing and their country is in trouble. They are starting to play the blame game. Some of them finally understand that their genocidal denial of the Ukrainian identity isn’t working in Russia’s favor. pic.twitter.com/jNNn5xifI5
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) September 11, 2022
„Не можеме да победиме со платеници и без мобилизација“
„Овие луѓе не наместија. Путин рече, ќе започнам специјална воена операција. Некој му рече дека Украинците ќе се предадат, дека ќе сакаат да се приклучат на Русија. Прифатете дека е невозможно да се победи Украина користејќи ресурси и колонијални воени методи“, рече Надеждин.
„Не можеме да ја победиме со платеници и без мобилизација. На Русија и се спротивставува силна армија која е економски и технолошки поддржана од моќните земји. Јас не предлагам мобилизација, туку мировни преговори и крај на војната“, додаде тој.
Пратеникот во Думата Сергеј Миронов му се спротивстави и рече дека не може да има преговори со нацистичкиот режим на Зеленски и дека овој режим треба да биде уништен. На тоа, Надеждин одговори дека Русија има само две опции – или мобилизација и војна во пошироки размери или прекин на операцијата.
„Путин неодамна рече дека ние всушност сè уште не сме ја започнале специјалната воена операција. Ќе ја започнеме кога ќе биде потребно“, рече Миронов.
„Велите дека сè оди според планот?“
Тогаш во дискусијата се вклучи политикологот Виктор Олевич кој ја повика идејата дека со специјалната воена операција се оди според планот.
„Велите дека се оди според планот? Дали некој верува дека пред шест месеци планиравме да се повлечеме од Балаклија и да имаме проблеми со контраофанзивата на Харков? Олевич го праша Миронов.
„Зошто да не го окупираме Харков и да ја напуштиме Балаклија? Не заборавајте, ние се бориме против НАТО блокот и добро подготвените Украинци. Тоа е сериозна армија, со сериозно оружје“, му одговори претставникот на Думата.