(ВИДЕО) Рускиот генерал Фанил Сарваров загина во експлозија во Москва

Од:

Генерал-потполковник Фанил Сарваров (56), началник на Одделот за оперативна обука на вооружените сили на Русија е убиен откако денес неговиот автомобил беше разнесен од експлозив.

Еден од клучните генерали на руската армија утринава влезе во својот автомобил „киа соренто“ околу 6.55 часот наутро на паркинг во московскиот округ Јасенево, а неколку секунди откако го стартуваше автомобилот, одекна застрашувачка експлозија.

„На почетокот помисливме дека се срушил дрон, но потоа ги видовме возилата како горат“, рекоа очевидци.

„Киата“ претрпе ужасна штета од силната експлозијата, а самиот Сарваров преживеа додека спасувачите не го извлекоа од возилото. Сепак, тој им подлегна на повредите на пат кон болница.

Медиумите објавија дека Сарваров претрпе „повеќекратни повреди од шрапнели, повреди на нозете и скршена коска на лицето“. На спасувачите им требаше долго време за да го извлечат од остатоците од неговиот автомобил.

Сарваров веднаш беше однесен во болница откако беше извлечен од возилото, но подоцна беше соопштено дека почина.

Според локалните медиуми, во експлозијата биле оштетени уште најмалку седум автомобили.

Би можело да ве интересира

Едно лице загина во експлозија во Сплит

Мајка и шест деца загинаа во експлозија во Пенсилванија

А1он

Експлозија во Лесковац: Петмина повредени, двајца со тешки изгореници се пренесени во Ниш

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

Осуетен напад со експлозив што можеше да ги остави Србија и Унгарија без гас

Горан Наумовски

Иран ја потврди смртта на командантот на морнарицата на Револуционерната гарда