Тензични сцени во градот Конотоп во североисточна Украина, во регионот Суми недалеку од границата со Русија.
Имено, делегација руски војници дошла во градот на „преговори“. На видеото кое вчера се појави на социјалните мрежи, а чија автентичност ја потврди и Њујорк тајмс, се гледа како руски војници држејќи рачни бомби, ги напуштаат преговорите во кои, според украинската страна, тие барале градот да се предаде или ќе биде срамнет со земја.
Според Њујорк тајмс, не е јасно кога навистина се случил снимениот настан.
На снимката се гледаат руски војници кои ги следи толпа Украинци кои извикуваат „Слава на Украина“ и ги пцујат руските војници.
Русите потоа влегуваат во воено возило и го напуштаат градот.