ВИДЕО: Русите објавија снимка од уништувањето на бункерот со суперсоничен проектил

Од:

Руската армија објави дека првпат во Украина употребила суперсонични ракети, а потоа објави и снимка од видео кое го прикажува уништувањето на бункерот кој бил цел на нападот.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека „на 18 март, авионскиот систем „Кама“ (Бодеж) со суперсонични ракети уништи голем подземен склад со проектили и муниција на украинските воздухопловни сили во Делатин, во областа Ивано-Франковск во западна Украина.

Видеото беше објавено и на Твитер. Снимката jа објави руското Министерство за одбрана, а на неа е прикажано, како што велат, уништувањето на украинскиот подземен бункер.

Официјална Москва тврди дека овој тип проектили е предизвик за системите за противвоздушна одбрана бидејќи брзината му е до 10 мах или околу 12.000 км/ч, па затоа неговто маневрирање го отежнува или оневозможува пресретнувањето, иако некои западни воени експерти изјавија дека Русија претерува можностите на ова воздушно оружје.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков