ВИДЕО: Русите на огромен екран на границата ја пренсуваа парадата, Естонија им одговори

Од:

Музеј во естонскиот град Нарва подигна голем транспарент на границата со Русија кој го изедначува рускиот претседател Владимир Путин со нацистичкиот германски лидер Адолф Хитлер. Овој потег доаѓа на 9 мај, кога Русија ја одбележува советската победа над нацистичка Германија во 1945 година. Русите во близина на границата со Естонија поставија огромни монитори на кои одеше пренсот од паратата во Москва на Денот на победата. Со оглед на Близината на Ивангород, преносто директон се гледаше во Нарва.

На ѕидот на замокот Нарва свртен кон руската граница беше поставен транспарент со слоганот „ПУТЛЕР ВОЈНИОТ ЗЛОВИЧНИК“. „Ова е нашата порака, потсетување на тековната војна од големи размери и воените злосторства што се вршат“, рече директорката на музејот Марија Сморжевских-Смирнова.

„Денес, на Денот на Европа, ги славиме мирот и слободата. Со крајот на Втората светска војна, мирот и слободата, почитувањето на суверенитетот и принципите на солидарност станаа фундаментални вредности на европската заедница. Во исто време, до нас се води голема војна што ја започна Путин веќе четири години. Диктаторот го нарекуваме диктатор, а воените злосторства додадени воени злосторства.

Русија на 9 мај ја одбележува годишнината од советската победа над нацистичка Германија, со традиционални настани како воени паради и концерти. Како и претходните години, на рускиот брег на реката Нарва, свртен кон Естонија, беа поставени големи екрани за пренос на прославите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради упадот на руски авиони во Естонија

Певкур: Подготвени сме да се одбраниме од Русија заедно со нашите сојузници од НАТО

Москва ги негира обвинувањата за нарушување на естонскиот воздушен простор

Ирски новинар ја обвини Урсула фон дер Лајен дека лаже во врска со руските авиони

Естонија го активираше Член 4 од НАТО

Итна реакција на НАТО по влезот на руските воени авиони во Естонија