Естонија испрати писмо до ЕУ: „Ги има милион, ќе бидат вооружени, ќе бидат испратени во Европа“

Од:

Владимир Путин се подготвува да испрати стотици илјади поранешни војници да предизвикаат хаос низ Европа по евентуалното примирје во Украина, предупреди министерот за надворешни работи на Естонија.

Маргус Цахна рече дека Кремљ планира да користи „поранешни затвореници и силувачи“ за да води хибридна војна против Европската Унија и предложи целосна забрана за влез во Шенген зоната за сите руски војници кои учествуваа во инвазијата, објавува „Телеграф“.

„Во моментов има близу еден милион борци во Русија“, изјави Цахна за „Телеграф“.

„Русија и Путин веќе користат разни луѓе за да ги нападнат нашите општества, но кога ќе дојде мирот, можеме да очекуваме стотици илјади поранешни борци да дојдат во Европа“, рече тој и додаде „Тие сигурно не доаѓаат со намера да заработат чесно и да платат даноци, туку со многу лоши планови. Веќе гледаме како руските тајни служби организираат разни напади низ Европа“.

Естонија стравува дека Путин ќе го искористи евентуалното прекинување на борбите во Украина за да ја пренасочи својата агресија кон Европа преку хибридна војна. Во последните шест месеци, естонските безбедносни служби истражуваат како Путин би можел да ги искористи поранешните војници за дополнително зајакнување на таквата војна против НАТО.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Источното крило на НАТО се подготвува за конфликт со Русија, Европа се плаши дека ќе биде оставена сама

„Фајненшл тајмс“: Вашингтон му помага на Киев да ја пробие руската воздушна одбрана

Вeнс: Украинската контраофанзива беше тактичка катастрофа

Русите го нападнаа Киев, има мртви и ранети

Доживотен затвор за руски шпион во Украина

А1он

Новинарот кој откри дека Владимир Путин имал љубовница почина на бизарен начин