ВИДЕО: Русите ја погодија амбасадата на Катар во Киев

Од:

Во Киев и поширокиот регион сè уште се санираат последиците од масовниот руски напад. Ангажирани се сите неопходни служби. Само во главниот град се оштетени дваесет станбени објекти. Работите за санација по нападите продолжуваат и во Лвовската област, како и во други региони на нашата земја, вели во обраќање на социјалните мрежи претседателот на Украина Володомир Зеленски, а откако Русија изврши масовен напад користејќи и „Орешник“.

– За жал, засега е потврдено дека само во Киев загинале четири лица. Меѓу нив има и член на екипа на Итна медицинска помош. Изразувам најдлабоко сочувство до нивните семејства и најблиски. Десетици луѓе се повредени. Имаше и втор напад врз еден станбен објект – токму во моментот кога првите спасувачи укажуваа помош по првиот удар. Вкупно, изминатата ноќ беа употребени 242 дрона. Исто така, беа истрелани 13 балистички ракети насочени кон енергетски објекти и цивилна инфраструктура, една балистичка ракета со среден дострел „Орешник“, како и 22 крстосувачки ракети. Нападот се случи токму за време на значителен студен бран – директно насочен против нормалниот живот на обичните луѓе, вели Зеленски.

Тој напиша и дека во моментов се прави сè што е можно за да се обнови снабдувањето со греење и електрична енергија за населението.

– .Покрај цивилната инфраструктура и енергетските објекти, синоќа со руски дрон беше оштетена и зградата на Амбасадата на Катар – држава која вложува значителни напори во посредување со Русија за ослободување на воени заробеници и цивили што се држат во руски затвори. Потребна е јасна реакција од светот. Пред сè од Соединетите Американски Држави, чии сигнали Русија навистина ги слуша. Русија мора да добие јасни пораки дека има обврска да се фокусира на дипломатијата и мора да ги почувствува последиците секогаш кога повторно се определува за убиства и уништување на инфраструктурата. Денешниот напад е уште еден силен потсетник за сите наши партнери дека поддршката за украинската противвоздушна одбрана е траен приоритет. Не смее да се изгуби ниту еден ден – ниту во испораките, ниту во производството, ниту во договорите. Денес ќе ги информираме нашите партнери на сите нивоа за случувањата и за мерките што се неопходни како одговор, порачува украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

По ударот со „орешник“, Украина бара да се прогласи нападот за воено злосторство

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Половина Киев е без греење, Кличко повика жителите да го напуштат градот

ВИДЕО: Русите употребија „Орешник“ како одмазада за нападот на резиденцијата на Путин

Катерина Ѓуровски

Зеленски бара нова средба со Трамп

А1он

Русија: „Нуклеарната централа Запорожје е руски објект, нема заедничко управување“

(ВИДЕО) Медведев: На нормален човек му снемуваат зборови за да ги опише постапките на ѓубрињата

Катерина Ѓуровски