(ВИДЕО) РИА: Украина гранатираше складишта за нафта, едно лице загина

Од:

Руската новинска агенција РИА јавува дека едно лице загинало, а две се повредени во гранатирање на складиште за нафта во Макејевка, лоцирано во областа контролирана од Русија на самопрогласената Народна Република Доњецк во источна Украина. Русите тврдат дека гранатирањето го извршиле украинските сили.

Непроверено видео покажува голем пожар за кој агенцијата вели дека е магацин.

Во Телеграм, Управата за територијална одбрана на самопрогласената Народна Република Доњецк им порача на жителите „Грижете се за себе и вашето семејство, обидете се да не ја напуштате куќата непотребно“.

Тие соопштија дека биле запалени четири резервоари со голем капацитет.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков