ВИДЕО: Ранет новинар на Фокс Њуз кој известуваше од војната во Украина

Од:

Британски новинар, кој известуваше за војната во Украина за Фокс њуз, вчера е ранет и примен во болница, јави американската телевизија. Инцидентот се случил во регионот на Киев. Не се соопштува колку е сериозно повреден новинарот.

„Бенџамин Хол беше ранет додека собираше информации надвор од Киев“, се вели во краткото соопштение за печатот. „Во моментов имаме малку детали, но Бен е во болница и нашите тимови на терен се обидуваат да соберат дополнителни информации во време кога ситуацијата брзо се развива“, додава телевизијата.

Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова на својата Фејсбук страница, исто така, објави дека е повреден британски новинар. Таа објасни дека бил погоден од шрапнел во ногата и се наоѓа на одделението за интензивна нега. Обвинителката објави и фотографија од прес-картичката на новинарот.

За време на викендот беше убиен американскиот новинар Брент Рено, кој известуваше за воените операции во Ирпин, северозападното предградие на Киев. Во истиот напад е повреден уште еден новинар. Рено бил застрелан во задниот дел од главата додека возел, според украински лекар. Украинските власти брзо ги обвинија руските противници дека пукале во автомобилот, но тешко е да се утврди потеклото на истрелите. Рено беше првиот странски новинар убиен во Украина од почетокот на руската офанзива.

Во врска со веста за повредениот британски новинар, Здружението на дописници при Стејт департментот соопшти дека е згрозено од тоа што му се случило. Бенџамин Хол обично покриваше вести поврзани со Стејт департментот пред да оди да известува од Украина. Претходно работеше како новинар во Лондон.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков