ВИДЕО: Ракетирана американската амбасада во Багдад

Од:

Три ракети биле истрелани кон американската амбасада во Багдад, во заштитената и утврдена зона на ирачката престолнина, соопштија тамошните власти.

Во моментов не е јасно дали има повредени, но потврдено е дека е предизвикана материјална штета и уништени се неколку возила на паркингот во амбасадата, јави АП пренесувајќи изјава на службеник кој побарал анонимност.

Американската амбасада одговорила со активирање на одбранбениот противракетен систем C-RAM, поставен ова лето за да ги одбие се почестите обиди за ракетирање на американското дипломатско претставништво во ирачката престолнина.

Нападот предизвика стравувања поради можни немири во пресрет на годишнината од атентатот врз генералот Касим Сулејмани, командант на иранската Револуционерна гарда, кој беше ликвидиран по наредба на Вашингтон на 3 јануари годинава, недалеку од аеродромот во Багдад.

Поради страв од одмазда пред првата годишнина од убиството на Сулејмани, САД наредија намалување на бројот на службеници во амбасадата во Багдад.

Зачестеноста на ракетните напади против САД по атентатот врз Сулејмани предизвика загриженост кај администрацијата на Трамп и обвинувања против вооружените, проирански шиитски групи.

Вашингтон во септември предупреди дека ќе ја затвори својата амбасада во Багдад доколку ирачката влада не преземе решителни чекори за спречување на ракетните и други напади од проирански формации врз американските цели и интереси во земјата.

Би можело да ве интересира

Помпео го осуди синоќешниот напад врз „Зелената зона” во Багдад

Ана Ололовска

Повредено дете откако ракета ја промашила Зелената зона во Багдад и погодила куќа

Сирени во Багдад: Ракети ја погодија Зелената зона

А1он

Ирак: Од почетокот на бунтот досега убиени речиси 550 луѓе, повредени околу 30.000

Проектил ја погоди Зелената зона во Багдад каде е американската Амбасада

А1он

Маскирани лица нападнале ТВ станици во Багдад

А1он