ВИДЕО: Ракетирана американската амбасада во Багдад

Од:

Три ракети биле истрелани кон американската амбасада во Багдад, во заштитената и утврдена зона на ирачката престолнина, соопштија тамошните власти.

Во моментов не е јасно дали има повредени, но потврдено е дека е предизвикана материјална штета и уништени се неколку возила на паркингот во амбасадата, јави АП пренесувајќи изјава на службеник кој побарал анонимност.

Американската амбасада одговорила со активирање на одбранбениот противракетен систем C-RAM, поставен ова лето за да ги одбие се почестите обиди за ракетирање на американското дипломатско претставништво во ирачката престолнина.

Нападот предизвика стравувања поради можни немири во пресрет на годишнината од атентатот врз генералот Касим Сулејмани, командант на иранската Револуционерна гарда, кој беше ликвидиран по наредба на Вашингтон на 3 јануари годинава, недалеку од аеродромот во Багдад.

Поради страв од одмазда пред првата годишнина од убиството на Сулејмани, САД наредија намалување на бројот на службеници во амбасадата во Багдад.

Зачестеноста на ракетните напади против САД по атентатот врз Сулејмани предизвика загриженост кај администрацијата на Трамп и обвинувања против вооружените, проирански шиитски групи.

Вашингтон во септември предупреди дека ќе ја затвори својата амбасада во Багдад доколку ирачката влада не преземе решителни чекори за спречување на ракетните и други напади од проирански формации врз американските цели и интереси во земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Запалена шведската амбасада во Багдад

Катерина Ѓуровски

Поддржувачите на ал Садр се повлекуваат од Зелената зона во Багдад

А1он

Приврзаници на ал Садр упаднаа во владината палата во Багдад

А1он

Експлозија во Багдад, цел бил австралиски дипломат

А1он

ВИДЕО: Две ракети паднаа во близина на американската амбасада во Багдад

А1он

Две ракети ја погодија зелената зона во Багдад, во близина на Американската амбасада