(ВИДЕО) Путин со жестока порака до Зеленски: „Со терористи не се преговара“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи ги заканите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можни напади врз руските авиокомпании и аеродроми, порача дека со „терористи не се преговара“ и најави одговор доколку дојде до нови напади.

„Ако тоа е кажано јавно, тогаш тоа е едноставно признание за државен тероризам. Од една страна, од нас бараат да продолжиме со преговорите и бараат лични средби. Со терористи не се преговара. А ако, не дај Боже, се случат такви трагедии, ќе најдеме начин да одговориме. Никој не треба да се сомнева во тоа“, изјави Путин.

Зеленски претходно се закани со напади врз руските цивилни аеродроми, оценувајќи дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на дронови над Русија ќе се зголеми. Говорејќи за мировните преговори со Украина, Путин оцени дека секои разговори за Украина мора да имаат конкретна содржина.

„Ако некој може да придонесе за тоа, Москва нема ништо против. Единствено што не сакаме е сè бесцелно да се врти во круг. Преговарачкиот процес за решавање на украинската криза во моментов е до одреден степен замрзнат“, рече рускиот претседател.

Путин истакна дека на Русија ѝ одговара соработката со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои се блиски до американскиот претседател Доналд Трамп.

„Виткоф и Кушнер секогаш се добредојдени во Русија и задоволство ни е да соработуваме со нив“, додаде Путин.

Осврнувајќи се на посетата на шефот на ЦИА на Москва, Путин нагласи дека контактите меѓу американските и руските разузнавачки служби продолжуваат, вклучително и преку директни разговори.

Би можело да ве интересира

Првиот разузнавач на Путин предупредува: Може да дојде до голем конфликт во Евроазија

Американски шпионски авион „исчезна“ за време на патрола во близина на Русија

Путин: Има шанси за прекин на војната во Украина, Трамп игра конструктивна улога

Лавров: Западот не сака да го реши, туку да го замрзне конфликтот во Украина

Путин: Kомуникацијата со Киев продолжува преку разузнавачките служби

Горан Наумовски

Данска: Откриени конкретни подготовки за руска саботажа