ВИДЕО: Путин му се извини на претседателот на Азербејџан за паднот на авионот, го нарече „трагичен инцидент“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин му се извини на Илхам Алиев, претседателот на Азербејџан, за, како што рече, „трагичниот инцидент“ во рускиот воздушен простор и соборувањето на патничкиот авион на Азербејџан Ерлајнс, кој се урна во Казахстан пред три дена. Во падот на патнички авион со 67 патници и членови на екипажот загинаа 39 лица, а 28 се спасени.

Иако руските медиуми побрзаа да проценат дека причина за падот е судирот на авионот со јато птици кои го оштетиле моторот, се појавија информации дека авионот бил погоден од руска ракета за противвоздушна одбрана во Чеченија.

Путин му рекол на Алиев дека руската противвоздушна одбрана била активна кога авионот се обидел да слета во Грозни пред да се урне во Казахстан.

„За тоа време Грозни, градот Моздок и Владикавказ беа нападнати од украински борбени беспилотни летала, а руската воздушна одбрана ги одби овие напади“, му рекол Путин на Алиев, без експлицитно да признае дека руската противвоздушна одбрана го погодила авионот.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне украинската енергетска инфраструктура

Песков: Очекувањата за средбата Путин-Трамп се големи, но работите се покомпликувани

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Таткото на Илон Маск: Би било глупаво да не му се восхитуваме на Путин

А1он

Кремљ: Путин и Трамп веќе нема да разговараат по телефон