(ВИДЕО) Путин го предивика Западот: Да одржиме двобој, изберете цел во Киев

Од:

Рускиот претседател предложи тестирање на западните одбранбени системи против новиот хиперсоничен ракетен систем на Москва и рече дека западната технологија „нема шанси“ да ја пресретне ракетата.

За време на неговата годишна прес-конференција на крајот на годината, Путин ги коментираше мислењата на некои странски воени експерти дека Орешник лесно може да биде соборен од западните системи за ракетна одбрана.

Путин го предизвика Западот да ги постави своите модерни системи за противвоздушна одбрана против новата хиперсонична ракета на Москва, орешник, во она што би било, како што го нарече, „технолошки дуел“.

„Да одржиме експеримент, или двобој. Одберете цел во Киев, доведете ја таму западната противвоздушна одбрана и видете дали ќе може да ја пресретне. Ќе биде интересно“, рече тој.

Путин претходно рече дека оружјето, кога се користело во Украина минатиот месец, патувало со 10 мах, или 2,5-3 километри во секунда (10 пати побрзо од брзината на звукот), додавајќи дека „во моментов не постои начин нешто да му се спротивстави на ова оружје“.

Путин ја одржува својата годишна прес-конференција на крајот на годината во Москва, комбинирајќи ја со сесијата за прашања и одговори „Директна линија“.

Тој зборуваше и за украинскиот упад во Курск, како и за потенцијалниот крај на војната. Огдовараше и на прашања поврзани со економската ситуација во Русија, инфлацијата и зголемувањето на центие.

Путин рече дека се уште не се сретнал со пребеганиот поранешен сириски лидер Асад, но дека ќе се сретне со него. Не ја отфрла ниту можноста за средба со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната