ВИДЕО: Путин го посети Курск

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја посети областа Курск, каде се сретна со волонтери кои дојдоа да им помогнат на жителите на регионот.

Претставници на Народниот фронт, волонтери од Курската област, Серускиот студентски спасувачки корпус и други организации се сретнаа со Путин, пренесува РИА Новости.

За време на посетата Путин изјави дека вооружените сили на Украина директно уништуваат споменици од Втората светска војна, што, како што рече, ги дава сите причини да се каже дека имаат работа со луѓе со неонацистичка идеологија.

Путин нагласи дека припадниците на Вооружените сили на Украина кои гранатираат споменици од Втората светска војна во пограничната област ќе го заземат второто место дури и во конкуренција на идиоти – затоа што тие се идиоти.

– И во конкуренција на идиоти би го зазеле второто место. Зошто? Затоа што тие се идиоти. Со тоа што го прават покажуваат кои се – нагласи претседателот.

Путин рече и дека украинските војници се уште се обидуваат да се движат кон руската граница.

Би можело да ве интересира

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемија

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран