(ВИДЕО) Протести во Лондон за поддршка на „Акција за Палестина“ – десетици уапсени

Од:

На Парламентарниот плоштад во Лондон стотици луѓе се собраа за да изразат поддршка за Газа и „Акција за Палестина“, група забранета од британската влада минатиот месец.

Носејќи палестински знамиња, многу демонстранти подготвија транспаренти на кои пишуваше: „Се спротивставувам на геноцидот, ја поддржувам „Акцијата за Палестина“.

За време на демонстрациите, кои беа организирани од групата „Заштитете ги нашите поротници“, толпата извикуваше пропалестински слогани.

За време на митингот, со интензивно полициско присуство, десетици демонстранти беа уапсени од страна на полицајците.

Претходно, полицијата предупреди дека секој што ќе учествува на демонстрациите „Акција за Палестина“, ќе се соочи со апсење.

Многу меѓународни организации и активисти за мир ја предупредија лондонската полиција да не ги апси учесниците на протестот „Акција за Палестина“.

Во јуни, министерката за внатрешни работи Ивет Купер ја објави забраната според Законот за тероризам од 2000 година, откако активистите со спреј ги обоија авионите во базата на Кралските воздухопловни сили, дело кое се истражува според законите за борба против тероризмот.

Забраната подоцна беше усвоена во Долниот дом и во Домот на лордовите на почетокот на јули.

Би можело да ве интересира

Барселона, Мадрид и Париз се омилените дестинации на европските патници во 2026 година

А1он

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

(ВИДЕО) Полицијата со палки ги растера демонстрантите во Лисабон, отстранети се десетици шатори

(ВИДЕО) Најмалку 325 лица се уапсени на пропалестински протест во Лондон

Француската левица повикува на нов бран протести: „Министерот не е тој што треба да одлучува“

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец