ВИДЕО: Протест против полициска бруталност во Лондон станал насилен

Од:

Шестмина полицајци се повредени, а четири лица се уапсени и задржани во притвор по насилните демонстрации во Лондон, поради смртта на еден млад човек за кого се тврди дека починал како последица од „бруталното тепање“ од припадници на лондонската Метрополитен полиција.

Учесниците во протестот, што требало да биде мирен и да се насочи само кон „насилството“ на полицијата, се собрале пред зградата на полицијата во општината Братфорд, во источниот дел од британскиот главен град, барајќи „правда за убиениот“.

Но, демонстрациите станале насилни, откако дел од насобраната толпа почнале да фрлаат камења и тули кон полицајците и се обидувале да подметнат пожари.

Младиот Едир Фредерико да Коста (25), татко на едно малолетно дете, почина на 21 јуни во една лондонска болница, по инцидентот со полицијата, што се случил шест денови пред тоа.

Да Коста бил запрен од полицајците при рутинска сообраќајна контрола, додека во возилото имало уште три други лица. Настанала расправија во која полицајците употребиле и сила.

Блиските на починатиот и активисти за човекови права, ја обвинуваат полицијата дека од тепањето, Да Коста имал скршеници во вратот и грбот и тешки повреди на главата и внатрешно крварење, поради што и починал.

Полицијата отвори истрага за случајот и за однесувањето на полицајците, но во првичната реакција се отфрлаат сите вакви обвинувања и се тврди дека има „многу лажни и неточни информации“ за инцидентот.

Од шестмината повредени полицајци, четворица се ноѓаат на болничко лекување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Синот на пакистанските мигранти останува на чело на Лондон, влезе во историјата

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во Лондон, 11 лица завршија во болница

Горан Наумовски