„Последниот ден“, уште едно од серијата пропагандни ток-шоуа посветени на војната во Украина беше емитувано на руската режимска телевизија „Русија 1“.
Водителот Игор Соловиев, еден од најпознатите пропагандисти на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Русија треба да ги уништи сите сателити на системот Старлинк, преку кои американскиот милијардер и основач на SpaceX, Илон Маск, обезбеди интернет на Украина.
Russian propagandists called to shoot down @elonmusk‘s satellites last night to hurt Ukrainian Army… pic.twitter.com/nSsk0IjyuK
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 21, 2022
Еден гостин во емисијата рече дека Русија треба да собори еден од сателитите на Маск, а Соловиев рече: „Или сите“.
Гостинот тогаш одговорил: „Да, или сите. Ајде да срушиме еден и ќе ги угасне другите“.