Либанската армија напредува кон џамијата во градот Сајда, каде се кријат приврзаниците на радикалниот сунидски духовен лидер Ахмад ал Асир и поддржувачи на сириските бунтовници.
Во досегашните судири загинаа 12 либански војници. Борбите во Сајда се еден од најкрвавите настани во Либан меѓу противниците и поддржувачите на режимот во соседна Сирија.
Либанската Национална информативна агенција јави дека судирите во Сајда продолжуваат и утрово и оти 50 лица се повредени.
Агенцијата наведува дека се уште нема податоци за бројот на убиени и повредени борци на Асир, и оти е непознато дали има настрадано цивили.
Духовниот лидер Асир ги поддржува сириските бунтовници кои се обидуваат да го соборат режимот на претседателот Башар ал Асад.