ВИДЕО: Приврзаниците на Трамп ги пробија полициските блокади и влегоа во Конгресот, Капитол под блоката, полициски час во Вашингтон

Од:

Американскиот Капитол е затворен поради ескалација на протестите на демонстрантите во момент кога се одржуваше заедничка седница на двата дома за верифицирање на резултатите од изборите за претседател на САД и на која требаше да се потврди победата на демократскиот кандидат Џо Бајден.

Полицијата наведе дека зградата на Капитол е во „локдаун“ – што значи дека никој не смее да влезе ниту да ја напушти зградата. Приврзаниците на Доналд Трамп кои протестираа пред објектот се судрија со полицијата, ги пробија блокатите и влегоа во зградата.

Седницата на двата дома на Конгресот на САД за одобрување на резултатите од претседателските избори беше прекината поради приговорите на републиканците.

Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Боусер објави воведување полициски час во градот. Полицискиот час стапува на сила во 18 часот по локално време.

Во меѓувреме се огласи и претседателот Трамп кој ги повика приврзаниците да ја почитуваат полицијата.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски