Најмалку 52 лица се повредени во судирот на приврзаниците на поранешниот киргистански претседател Алмазбек Атамбаев и специјалните единици за спроведување на законот, соопшти Министерството за здравство во Киргистан.
„Бројот на оние што бараат лекарска помош се зголеми на 52, од кои 20 се хоспитализирани. Други 11 се згрижени во медицинскиот центар на специјалните единици“, се вели во соопштението на Министерството.
Судирот се случи кога специјалните сили на Киргистанскиот комитет за национална безбедност се обидоа да го уапсат Атамбаев во неговата вила во селото Кои Таш.
Поддржувачите на Атамбаев кои ја чуваат палатата беа во можност да го одвратат нападот и да ги разоружаат специјалните единици, па дури и да уапсија шест од нив, што беше проследено со пристигнување на поголем број специјални сили.
Поради зголемени тензии, актуелниот претседател Собонај Женбекоб закажа итен состанок со Националниот совет за безбедност во Бишкек.