Повторно судири на таџикистанско-киргистанската граница: Две лица убиени, 55 ранети

Од:

Киргистан денеска обвини дека од Таџикистан било пукано врз граничен премин, само неколку часа откако шефовите на безбедносните сили на двете земји договорија прекин на огнот.

Министерството за здравство на Киргистан соопшти дека во конфликтот на границата што започнал утринава загинале две лица, меѓу кои и едно 15-годишно девојче, 55 лица се ранети од кои повеќето се хоспитализирани.

Киргистанската гранична служба соопшти дека судирот избил денеска кога таџикистанските сили почнале да пукаат врз киргистански граничари.

Таџикистанските погранични власти пак го обвинија Киргистан дека неговата армија гаѓа населени места на таџикистанска страна од границата.

Граничната служба на Киргистан подоцна објави дека шефовите за безбедност на двете земји се договориле да ги прекинат оружените дејствија, почнувајќи од денеска во 16 часот по локално време.

Претседателите на Киргистан и Таџикистан Садир Жапаров и Емомали Рамон денеска се сретнаа на Самитот на Шангајската организација за соработка во узбекистанскиот град Самарканд. Според соопштението објавено на веб-страницата на Жапаров, тие разговарале за пограничните прашања и се договориле да им наредат на надлежните органи да ја повлечат војската и да го прекинат огнот.

Медиумите јавуваат дека Жапаров се вратил во Киргистан од Самарканд и веднаш свикал состанок на Советот за безбедност.

Во меѓувреме, локалните медиуми јавуваат дека властите евакуирале 18 илјади луѓе од регионот Баткен во Киргистан.

Најмалку 55 лица беа убиени минатата година во престрелки во пограничните области, поради несогласувања околу надлежностите во стопанисување со водени ресурси како и поставувањето камери за надзор на таџикистанската страна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска

ОН: Крвавиот конфликт во Сирија може да ескалира

А1он

Вооружен инцидент на киргистанско-таџикистанската граница

А1он