(ВИДЕО) Принц Салман: Случајот „Кашоги“ е мачен, но правдата ќе победи

Од:

Саудискиот принц Мухамед бин Салман синоќа изјави дека случајот со убиениот новинар Џамал Кашоги е „мачен“ и оти „правдата ќе победи“.

– Убиството на Кашоги е гнасно злосторство што не може да се оправда, посочи принц Салман.

Тој во обраќањето на инвестицискиот Самит во Ријад истакна дека виновниците ќе бидат казнети, а Саудиска Арабија и Турција заедно ќе работат за „постигнување на резултати“.

Поради убиството на саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“ во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул некои меѓународни бизнис лидери го откажаа учеството на Самитот во Ријад.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика