ВИДЕО: Примирјето треба да почне претпладнево, израелската војска се подготвува за повлекување

Од:

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинското движење Хамас ќе стапи на сила денеска во 11:00 часот по средноевропско време, веднаш по официјалната церемонија на потпишување во египетскиот град Шарм ел-Шеик, објавија израелските медиуми, објави Анадолу.

Според весникот „Једиот Ахронот“, израелскиот кабинет за безбедност ќе се состане во 17:00 часот по локално време (16:00 часот по средноевропско време) за да го одобри договорот за прекин на огнот постигнат со Хамас.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека започнале подготовки за делумно повлекување на своите трупи од Појасот Газа како дел од договорот за заложници и прекин на огнот со Хамас.

Војската во соопштението наведува дека, по упатствата од политичкото раководство и во согласност со проценката на ситуацијата, ИДФ започнале оперативни подготовки за спроведување на договорот.

Како дел од овие подготовки, армијата соопшти дека се подготвува да ги премести трупите кон прилагодените линии на распоредување во блиска иднина.

„ИДФ останува распоредена во областа и се подготвува за секој можен развој на настаните“, се додава во соопштението.

Палестинското Движење Хамас објави дека предало список на Палестинци за кои бара ослободување од Израел, откако двете страни ја прифатија првата фаза од предлогот на САД за прекин на огнот во Газа, објави Анадолу.

Во соопштение објавено на Телеграм, Хамас изјави дека ослободувањето на Палестинците ќе се спроведе преку размена на затвореници, во согласност со критериумите договорени во договорот за прекин на огнот.

Групата нагласи дека палестинските затвореници во израелските затвори се еден од нејзините главни приоритети, додавајќи дека напорите „ќе продолжат сè додека не се ослободи и последниот палестински затвореник“.

Во претходно соопштение, Хамас потврди дека ја прифатил првата фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, изразувајќи благодарност за неговите напори, како и за улогата на Турција, Катар и Египет во медијацијата.

„Хамас објавува дека е постигнат договор кој предвидува крај на војната во Газа, повлекување на окупаторските сили, испорака на хуманитарна помош и размена на затвореници“, се вели во соопштението.

Ова соопштение дојде кратко откако Трамп објави дека Израел и Хамас ја потпишале првата фаза од американскиот план за ставање крај на војната во Газа.

Би можело да ве интересира

Гвир: Напишавме историја, нема да ја слушаме ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Жесток американско-израелски напад врз Исфахан

Катерина Ѓуровски

Европа е загрижена – Израел донесе закон за смртна казна

А1он

Над 6.000 повредени во Израел

Блискиот Исток во пламен: Иран и Хутите испукаа ракети кон Израел

Израел: Воената операција во Либан може да трае со години