ВИДЕО: Претседателот на Туркменистан подигна златен споменик на куче во центарот на главниот град

Од:

Властите во Туркменистан, средноазиската земја во која скоро 15 години шеф на државата е Гурбангули Бердимухамедов, изградија голем златен споменик на куче во центарот на главниот град Ашгабат.

Со споменикот, за чие подигање иницијатор бил лично претседателот, му се оддава почит на средноазискиот овчар, раса на кучиња од регионот, посебно ценета во Туркменистан.

Обележјето, кое зазема маркантна позиција во главниот град, е високо шест метри и е поставено на постамент висок девет метри. Бердимухмедов се појави на гламурозната свеченост по повод откривањето на споменикот, на која учествуваа танчери и музичари.

Претходникот на Бердимухамедов, Сапармурат Нијазов, кој беше на чело на Туркменистан 16 години, имаше променлив однос кон кучињата – тој му подари кученце на рускиот претседател Владимир Путин, но исто така и целосно го забрани „најдобриот човеков пријател“ во престолнината Ашгабат, поради „непријатниот мирис“.

Би можело да ве интересира

Во Туркменистан се гради нов град: Чини 4,5 милијарди евра, ќе го носи името на лидерот

Пораст на физичкото насилство врз жените во Туркменистан

А1он

Синот на актуелниот претседател победи на претседателските избори во Туркменистан

Синот на претседателот на Туркменистан влегува во претседателската трка

Ана Ололовска

Задолжителна вакцинација за полнолетните граѓани во Туркменистан

Ана Ололовска

Во Туркменистан нема коронавирус – и натаму тврди претседателот, Гурбангули Бердимухамедов

Жарко Настоски