Претседателот на Туркменистан, Курбангули Бердимухамедов, падна од коњ во текот на една трка, а државната телевизија ја цензурираше снимката која сепак преку американската агенција „Асошиејтед прес “ се најде на интернет.
Бердимухамедов, падна на самиот крај од трката, по што кон него притрчаа голем број луѓе кои сакаа да му помогнат.
Иако на патеката пристигнува и амбулантно возило, снимката завршува со слика на претседателот и поздравот на масата посетители која го поздравува брзо опоравување на страствениот љубител на коњи, по ни малку лесниот пад.
Елена Георгиевска