(ВИДЕО) Претседателот на Италија до Зеленски: Целосно сме со вас

Од:

Италија целосно ја поддржува Украина во нејзиниот отпор кон руската инвазија, изјави италијанскиот претседател Серџо Матарела при пречекот на украинскиот претседател во Рим, каде што Володимир Зеленски ќе се сретне со премиерот и папата Франциско.

„Чест ми е да те примам овде во Рим“, му рекол Матарела на Зеленски, според снимката што ја објави италијанската телевизија.

„Сакав повторно да се сретнеме по нашиот разговор пред неколку години, иако денес во поинаква ситуација, но сакам да кажам дека сме целосно на ваша страна“, рече Матарела, примајќи го украинскиот претседател во палатата Квиринале.

Италијанскиот претседател нагласи дека сите сакаат да се постигне мир во Украина. „Тоа мора да биде вистински мир, а не да се предаде“, изјави извор од канцеларијата на Матарела.

На Твитер, Зеленски ја нарече посетата на Италија и Ватикан „важна посета за претстојната победа на Украина“. Додека со колона автомобили се движеше кон претседателската палата, помина покрај мали групи луѓе кои истакнаа украински знамиња, но и транспаренти со осуда на Русија.

Украинскиот претседател пристигна во Рим во саботата наутро со авион на италијанската влада, кој полета од полскиот град Жешов, во близина на украинската граница. Германската агенција dpa пишува дека кога неговиот авион влегол во италијанскиот воздушен простор, го следеле воени авиони. На аеродромот Чампино, недалеку од Рим, го пречека шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани.

Во посета на Италија Зеленски е придружуван од шефот на неговиот кабинет Андриј Јермак. Како дел од неговата прва посета на Рим откако Кремљ ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, Зеленски ќе се сретне и со италијанскиот премиер Џорџа Мелони и со папата Франциско.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Три години херојски отпор“, Зеленски објави порака на годишнината од војната

Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО

А1он

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Зеленски: Русија го изврши најголемиот напад врз Украина во целата војна

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он