Бројот на загинати во шумскиот пожар што го претвори туристичкиот град Лахаина на хавајскиот остров Мауи во урнатини се искачи на 55, соопшти округот Мауи. Бројот на лица кои се сметаат за исчезнати се проценува на околу 1.000.
Најмалку три големи пожари избувнаа во вторникот вечерта на Мауи, отсекувајќи ја западната страна на островот и историскиот град Лахаина, каде што беа уништени или оштетени најмалку 271 градба.
Најмалку 55 лица загинаа, многу повеќе луѓе се здобија со изгореници, вдишување чад и други повреди. Продолжуваат напорите за пребарување и спасување, а илјадници луѓе ја напуштија областа.
Покрај 55-те смртни случаи на островот Мауи, локалните власти имаат околу 1.000 исчезнати лица. Проценуваат дека бројот на загинати ќе се зголемува.
На прес-конференцијата одржана на Мауи, шефот на противпожарната служба рече дека ниту еден од пожарите што беснеат низ островот сè уште не е под контрола. Сепак, пожарникарите напредуваат.
Пожарот што опустоши голем дел од популарното одморалиште Лахаина е 80% локализиран, објавија претходно властите на округот Мауи.
На прес-конференција синоќа, гувернерот на Хаваи Џош Грин рече дека ова е „најголемата природна катастрофа во историјата на Хаваите“.
„Ќе има повеќе загуби на животи“, рече гувернерот Грин.