Едно лица загина во пожар кој избил во болница во Москва каде што се сместени пациенти заразени од коронавирусот, пренесуваат странските медиуми. Неколку лица се повредени, според првичните информации.
Пожар в ГКБ 50 на севере Москвы, там лечат пациентов с коронавирусом. Идет эвакуация. pic.twitter.com/MIjtLQedqq
— Почти СовФед (@fedsovetov) May 9, 2020
Пожарот наводно избувнал на приземјето, а пациентите се евакуирани во друг објект.
Противпожарните служби добиле позив околу 8.30 часот по тамошно време. Се уште не се познати причините за пожарот, кој најверојатно се раширил од Одделението за интензивна нега.
На этом видео – пожар в московской «коронавирусной» больнице. Погиб один пациент, три человека пострадали. Причина: загорелся кислородный баллон в отделении реанимации. pic.twitter.com/m6eIujCksc
— Игорь Пачковский (@Q0MT6pFmbVqynsM) May 9, 2020
Во Русија од коронавирусот се заразени 200.000 луѓе, а починаа 1.827.