(ВИДЕО) Пожар уништи зграда во изградба во Русија за само 20 секунди

Од:

Недовршена висококатница во градот Твер, административен центар на Тверската област во Руската Федерација, се запали. Како што соопшти во четвртокот Министерството за вонредни ситуации на Русија во Тверската област, пожарот избувнал на вториот кат од зградата.

Беше кажано и дека битуменот се запалил и дека во пожарот нема повредени. Пожарот бил изгаснат во 13.04 часот по локално време. Според првичните информации, пожарот избувнал во објектот откако се запалила заштитната градежна мрежа на фасадата на зградата. Твер е 180 километри северозападно од главниот град на Русија, Москва.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија