ВИДЕО: Повторно настрадаа недолжни минувачи – напаѓач бодеше луѓе во Велс, уби 16-годишна девојка

Од:

Неколку лица се повредени, а една 16-годишна девојка им подлегнала на здобиените рани, откако напаѓач избодел луѓе со нож во селото Инисвен во близина на Трoрки во јужен Велс, јавуваат британските медиуми.

Според некои извештаи, нападот се случил во кинески ресторан, а сведоци од локалните жители изјавиле дека виделе ранети луѓе.

Полицијата потврди дека во текот на денот интервенирале во „сериозен инцидент“, но не откри повеќе детали. Во кусата изјава, се вели само дека во нападот „има одреден број настрадани“.

На луѓето во близина им беше кажано да не се приближуваат до местото каде се случил инцидентот, а 20 до 30 амбулантни и полициски возила биле видени во околината, според сведоците.

Засега не се знаат мотивите за нападот, ниту какви било детали за сторителот.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он