(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

Од:

Рекордна количина на врнежи е причина за огромните поплави во Австралија. Властите наведуваат дека ова е најлошата поплава некогаш забележана во Австралија, а на улиците дури е забележан и крокодил, пишува Би-Би-Си.

Екстремните временски услови се предизвикани од тропски циклон. Засега нема извештаи за загинати или исчезнати лица. Стотици луѓе се спасени – многу куќи се поплавени, нема струја, патиштата се отсечени, а водата за пиење е при крај. Од почетокот на невремето во градот Кернс наврна повеќе од два метри дожд.

„Ова е најлошата природна катастрофа на која можам да се сетам. Разговарав со локалното население во Кернс кога бев на теренот и тие велат дека никогаш не виделе такво нешто“, изјави премиерот на Квинсленд, Стивен Мајлс за австралиската радиодифузна корпорација.

Би можело да ве интересира

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти