ВИДЕО: Полска и ги предаде на Украина тенковите Леопард

Од:

Првите полски тенкови Леопард 2 и официјално беа испорачани во Украина, објави Јуан Мекдоналд од Новиот глас на Украина, кој објави видео од предавањето на социјалните мрежи.

На видеото се гледаат полскиот премиер Матеуш Моравјецки и неговиот украински колега Денис Шмихал на непозната локација во Украина. Официјалното предавање на првите Леопарди доаѓа откако полскиот премиер вчера потврди дека на Украина и биле испорачани четири тенкови.

„Полска и Европа стојат покрај вас. Дефинитивно нема да ве оставиме, ќе ја бодриме Украина до целосна победа над Русија“, рече Моравјецки стоејќи покрај Зеленски за време на неговата посета на Киев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск