ВИДЕО: Половина милион долари за напад со дрон на Црвениот плоштад во Москва

Од:

Володимир Јаценко, еден од основачите на Монобанк, им понуди половина милион долари на програмерите чиј дрон ќе „слета“ на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај.

Во разговор со новинарите на украинскиот „Апостроф“, Јаценко потсети дека на 9 мај на Црвениот плоштад се одржува годишната парада за Денот на победата.

„Мислам, тоа ќе бидат, како што велат, легитимни воени цели. Затоа ги повикувам сите кои се поврзани со производство на беспилотни летала да им „приредат веселба“, рече Украинецот.

Јаценко на својата Фејсбук страница објави и линк за оние кои сакаат да го зголемат износот на понудената премија.

Овој Украинец постави само еден услов, а тоа е да има „патриотски слоган“ на крилата на дронот како: „Слава на Украина“, „Слава на хероите“.

Би можело да ве интересира

Големо понижување на Зеленски: Го избркаа од Белата куќа

Предраг Петровиќ

Првата одлука на Стејт департментот по хаосот во Белата куќа: Се укинува поддршката за Киев

Предраг Петровиќ

Захарова: Вистинско чудо е што Трамп и Венс не го удрија Зеленски

Предраг Петровиќ

Поддршка за Зеленски од Европа

(ВИДЕО) Новинарот на Трамп до Зеленски: Зошто не носиш костум, дали воопшто имаш?

Се јави Зеленски по фијаското со Трамп

Предраг Петровиќ