Поддршка за Зеленски од Европа

Од:

„Ние остануваме со Украина во нивната чесна борба за праведен и траен мир“, рече норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

„Шведска стои со Украина. Вие не се борите само за својата слобода, туку и за цела Европа. Слава на Украина“, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон.

„Украина, никогаш нема да чекориш сама“, рече литванскиот претседател Гитанас Науседа.

„Украина не е виновна за оваа војна предизвикана од илегалната инвазија на Русија. Ние стоиме со Украина“, вели ирскиот вицепремиер Сајмон Харис.

Шпанија ја поддржува Украина, објави шпанскиот премиер Педро Санчез.

„Ние стоиме со Украина и на страната на слободниот свет!“, рече чешкиот премиер Петр Фиала.

„Латвија е со Украина“, објави летонската премиерка Евика Силине.

Зеленски вечерва требаше да зборува во конзервативниот институт Хадсон, по средбата со Трамп. Тоа сега е откажано, потврди Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

ВИДЕО: Зетот на Трамп бара нов безбедносен договор на преговорите за Украина

ВИДЕО: Преговори меѓу Украина, Русија и САД во Емирати

Трамп: Постои неверојатно ниво на одбивност кон Израел

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Хакери тврдат дека во војната во Украина загинале до 450.000 лица поврзани со руската војска