Во Варшава денеска се одржа најголемата полска воена парада по Студената војна, на која членката на НАТО ја покажа својата воена моќ, за која владата се надева дека ќе испрати порака до Москва и гласачите пред изборите во октомври.
Руската инвазија на Украина го направи зајакнувањето на вооружените сили приоритет за полската владејачка партија Право и правда (ПиС), и додека изборната кампања е во полн ек, демонстрацијата на воена сила е можност да се зголеми довербата во владата кога станува збор на одбраната.
На парадата, која се одржа на 103-годишнината од победата на Полска над Советскиот Сојуз, присуствуваа 2.000 војници од Полска и други членки на НАТО, заедно со 92 авиони и 200 парчиња различно оружје и воена опрема.
„15 август не е само можност да им се оддаде почит на хероите од битката за Варшава и да им се заблагодариме на сегашните војници што ја бранат нашата татковина“, рече министерот за одбрана Мариуш Блашчак пред војниците и граѓаните собрани покрај Висла.
„Тоа е исто така совршена можност да покажеме сила, да покажеме моќни вооружени сили кои без двоумење ќе ги бранат нашите граници“, додаде тој.