(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Од:

Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалните мрежи. Во понеделникот вечерта повторно се одржа митинг на опозицијата на плоштадот Сарачхане во близина на градското собрание, на кој присуствуваа неколку илјади луѓе, пренесува РИА Новости.

Помали групи демонстранти се обидоа да одржат демонстрации и во други делови на Истанбул, соопшти агенцијата. Голем број демонстранти синоќа ги блокираа улиците на Истанбул, во рамки на шестата ноќ од протестите во Турција, јавува Би-би-си.

Демонстрациите започнаа во Истанбул минатата среда, кога градоначалникот Екрем Имамоглу, главен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, беше приведен под обвинение за корупција.

Судирите со безбедносните сили ескалираа во неделата вечерта, додека полицијата употреби солзавец и гумени куршуми врз демонстрантите, соопшти британскиот јавен сервис.

Би можело да ве интересира

Турски инфлуенсер e ставен на црна листа на авиокомпанија откако запали цигара во авион

А1он

Чистка во Анкара: Ердоган ги смени клучните министри

Хаос во Солун: Полицијата уапси 313 лица во рација на универзитетски кампус

Турција разби шпионска мрежа, уапсени шест лица

Полицијата употреби солзавец и шок-бомби против демонстрантите во Минеаполис

Фидан: Турција се противи на насилство врз Иран, дијалогот е единствениот пат