ВИДЕО Пукање кај израелскиот конзулат во Истанбул, еден напаѓач е убиен

Од:

Во Истанбул се случи пукање во близина на зградата во која се наоѓа израелскиот конзулат, потврди сведок за Ројтерс. Инцидентот се случил во населбата Бешикташ во Истанбул, но останува нејасно дали самиот конзулат бил цел на нападот, објавија турските медиуми и „Џерусалем пост“.

Член на локалната заедница за „Џерусалем пост“ изјави дека конзулатот е затворен најмалку две години.

Првичните извештаи од локалните социјални медиуми велат дека во инцидентот се повредени неколку лица. Едно лице е видено облеано во крв. Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, разговараше со новинарите на местото на настанот.

Тој рече дека во нападот учествувале три лица, вооружени со пушки и пиштоли. Иако првичните извештаи велеа дека три лица загинале, Ѓул рече дека еден напаѓач е убиен, а двајца други се ранети. Во пукањето се ранети и двајца полицајци, објави „Гардијан“.

Би можело да ве интересира

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето