(ВИДЕО) Подготовки на Русија за Денот на победата: Огромен нуклеарен проектил на Црвениот плоштад во Москва

Од:

Новите снимки ги прикажуваат подготовките на руската војска за големата воена парада што ќе се одржи во Москва во понеделник, 9 мај, кога Русија го слави Денот на победата над нацистичка Германија.

Според британските медиуми, меѓу мноштвото воени возила и опрема во центарот на Москва е забележана термонуклеарна ракета РС-24 Јарс. Станува збор за проектил тежок речиси 50 тони, кој може да носи до 10 боеви глави.

Интерконтиненталната балистичка ракета може да лета со брзина од 24.500 км/ч и има дострел од 12.000 километри, што значи дека е способна да го погоди Лондон за неколку минути по истрелувањето.

Британското Министерство за одбрана не сакаше да ја коментира руската ракета видена денеска на Црвениот плоштад.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов