ВИДЕО: Почина актерот Еди Хасел откако беше застрелан на улица

Од:

Американскиот актер Еди Хасел кој беше застрелан во неделата во Тексас им подлегна на повредите добиени од огнено оружје.

Веста за смртта на актерот ја пренесоа американските медиуми.

Според објавата на „Њујорк Тајмс“, актерот бил застрелан пред станот на неговата девојка во Гранд Прери, предградие на Далас, во неделата околу еден часот.

Портпарол на Хасел за весникот изјави дека актерот бил застрелан во стомакот по што веднаш бил однесен во блиската болница, каде и починал.

Хасел се прослави со улогите во филмот „Децата се добри“, номиниран за Оскар во 2010 година и ТВ серијата „Површина“ која беше прикажувана на „Ен-Би-Си“.

Тој глумеше и во филмовите: „2012“, „The Family Tree“, „Jobs“, „Warrior Road“ и „Bomb City“.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД