(ВИДЕО) По убиство на момче во Париз: Тотален хаос во главниот град, граѓаните збеснаа

Од:

Во Париз цела ноќ траеја нереди, судири меѓу граѓаните и полицијата, откако полицаец уби тинејџер (17) при сообраќајна контрола.

Полицаец е обвинет дека ладнокрвно егзекутирал тинејџер откако му рекол: „Ќе ти испукам куршум во глава“.

Убиството е снимено во Нантер, западно од француската престолнина откако беше кажано дека жртвата по потекло е од Алжир, ги прекршила сообраќајните правила.

Набрзо жртвата била идентификувана како Наел М.(17), возач-доставувач.

Во меѓувреме, обвинителството потврди дека неименуваниот полицаец одговорен за престрелката е осомничен за „убиство“.

Нередите започнаа синоќа пред полициската станица во предградието Нантер, а се проширија и во неколку квартови на Париз. Според властите, уапсени се 15 лица.

Граѓаните излегоа на улиците, палеа канти за ѓубре, згради, автомобили, а министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин апелираше на смиреност.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Го убиле и го запалиле телото за да му украдат 6000 денари, притвор за браќата од Луке

Катерина Ѓуровски

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одзедоа и мојот живот

Предраг Петровиќ

Уапсени за убиството во селото Луке, двајца го ликвидирале и запалиле соседот