(ВИДЕО) Петмина загинати во престрелка во близина на Торонто

Од:

Пет лица се убиени во пукање во станбен комплекс во предградие на Торонто, соопшти канадската полиција. Началникот на регионалната полиција Џим МекСвин, на прес-конференција рече дека полицајците примиле дојава за пукање во зграда во Вон, град северно од Торонто.

МекСвин потврди дека полицајците пронашле неколку мртви лица кога пристигнале на интервенција. Едно лице кое настрада во престрелката е пренесено во болница и лекарите очекуваат да преживее. Единицата за итни случаи работи на расчистување на зградата за да можат евакуираните жители да се вратат во своите домови, пишува CNN.

„Она што се обидуваме да го направиме е да се погрижиме жителите кои живеат во оваа зграда да се вратат што е можно поскоро. Ќе биде потребно време“, рече МекСвин.

Со оглед на тоа што полицијата се уште ги известува семејствата на жртвите, нивниот идентитет не е објавен во јавноста.

Мотивот на осомничениот исто така не е објавен бидејќи полицијата се уште истражува што довела до пукањето. Полицајката Лора Никол нагласи дека инцидентот бил „најстрашниот повик на кој била сведок во целата нејзина кариера“. На прес-конференцијата таа изјави дека полицијата претпоставува дека жртвите не живеат во иста зграда.

Би можело да ве интересира

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница