(ВИДЕО) Песочна бура во Ирак – 800 луѓе хоспитализирани поради проблеми со дишењето

Од:

Вкупно 837 лица побарале медицинска помош поради сериозни проблеми со дишењето во изминатите два дена, како последица на силната песочна и прашинска бура што го погоди Ирак, соопшти денеска ирачкото Министерство за здравство.

Како што јави агенцијата ДПА, со природната непогода се погодени неколку покраини во земјата. Здравствените власти во главниот град Багдад и во другите региони се ставени во состојба на висока тревога за да обезбедат соодветна медицинска нега и третман за настраданото население.

Снимките објавени на социјалните мрежи прикажуваат повеќе градови, вклучувајќи ја и престолнината, целосно обвиени во густа портокалова магла.

Песочните бури се редовна појава во Ирак и најчесто се предизвикани од силните северозападни ветрови кои дуваат преку рамнините на реките Тигар и Ефрат во пустинскиот регион, особено во текот на потоплите месеци од годината. Сепак, земјата во последно време сè потешко се справува со последиците, со оглед на тоа што се соочува со голема суша.

Експертите посочуваат дека ова не е резултат само на глобалните климатски промени, туку и на погрешните домашни политики за управување со водите. Ситните честички прашина во воздухот драматично го влошуваат квалитетот на околината и претставуваат сериозен ризик за јавното здравје.

Би можело да ве интересира

Израелците изградиле тајна база во ирачката пустина, овчар ја загрозил целата операција, објави Волстрит џурнал

Катерина Ѓуровски

САД воведуваат нови санкции врз Иран и Ирак

Американците го бараат водачот на ирачката милиција, нудат 10 милиони долари за информации каде се крие

Кувајт го обвини Багдад за нападот врз конзулатот во Ирак

Хусеин: Ирак не дозволува неговата територија да се користи за напади врз соседните земји

САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак

Горан Наумовски