(ВИДЕО) Пензиониран руски командант: Имаме доволно муниција да ја уништиме Франција

Од:

Советник на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, објави видео на кое се прикажани гости во емисија на руската државна телевизија како разговараат за потенцијален воен напад врз Франција. Таа идеја стана предмет на дебата поради поддршката на францускиот претседател Емануел Макрон за Украина во војната со Русија.

На почетокот на видеото се предлага контранапад против Франција, наместо Русија само да „седи и чека“. Тогаш се вклучува Владимир Соловјов, познат пропагандист и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, кој повикува на превентивен напад, а не на контранапад. „Макрон ги снабдува со тенкови и ние треба да извршиме превентивен напад бидејќи тие се приклучија на конфликтот“, рече Соловјов.

Андреј Гуруљов, пензиониран руски воен командант и актуелен член на руската Дума, тврди дека Франција станува призната страна во конфликтот ако почне „отворено да нанесува штета, не плашејќи се од ништо“. „Франција не треба да постои. Имаме доволно муниција да ја уништиме “, рече тој.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето