ВИДЕО: Патнички авион принудно слета во Израел

Од:

Патнички авион „Електра Ер 737“ безбедно слета на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив откако беше објавено највисокото ниво на итност.

Повеќе од сто амбулантни возила беа испратени на главниот аеродром во Израел, Бен Гурион, откако авион со 152 патници објави итно слетување. Аеродромот пријави вонредна состојба од трето ниво.

Пред слетувањето, израелски воени авиони, Ф-16, извршија проверка на авионот за да ја испитаат штетата. Инспекцијата покажа дека гумата на авионот е искината.

Во тоа време авионот кружеше низ Медитеранот со цел да се ослободи од гориво за да ја намали својата тежина пред да слета.

Инспекцијата беше спроведена откако најмалку една гума од „Електра Ер 737“ експлодира кога авионот полета од Келн, Германија.

Летот требаше да слета на аеродромот Бен Гурион, во Израл во 04:05 часот, по локално време.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците